Австриската скијачка Корнелија Хитер денеска победи во супервелеслаломот што во рамките на Светскиот куп се одржа во Сент Мориц, Швајцарија. Хитер победи со време од 1:15.18 минути и со тоа го освои својот прв Супер-Џи сезонава.
На второто место заврши Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со заостанување од 0,18 секунди, додека трета беше Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 0,33 секунди.
Американката Линдзи Вон по пет години отсуство се врати на патеките во Светскиот куп и заврши на 14. место.