Виландер, Надал, Ѓоковиќ, па Алкараз: Шпанецот со мали турбуленции продолжи во Мелбурн (ВИДЕО)

177
Фото: #AusOpen @AustralianOpen

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија опен. Третопласираниот светски играч за првпат загуби сет на овогодинешниот турнир во Мелбурн, но на крајот ја надмина пречката наречена Нуно Борхес (3:1). По сетовите беше 6:2, 6:4, 6:7 (3), 6:2 по два часа и 55 минути игра.

Така тој стана четвртиот тенисер кој до 22-годишна возраст забележал по 10 победи на секој од четирите Грен слем турнири. Пред него тоа го направија Матс Виландер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Вториот светски тенисер во три сета (3:0) беше подобар од Џејкоб Форли. По нешто повеќе од два часа игра, сетови беа 6:3, 6:4, 6:4.

ПретходноТака треба: Од следната сезона “десетката“ на Барса ќе ја има Ламине Јамал!
СледноШеј Гилџус Александер со 40 поени го „торпедираше“ Кливленд во дербито (ВИДЕО)