Кире Маркоски стрелец за МЃП во победата над Силекс

310

Денеска на стадионот во Ѓорче Петров, тимот на Македонија во првиот пријателски дуел зимава, го совлада гостинот Силекс со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше искусниот Кире Маркоски во второто полувреме.

И двата тима ја привршуваат почетната фаза од подготовките зимава, а следува секако онаа втората, заминувањето за Анталија. Таму се планирани секако неколку пријателски средби, и темпирање на формата за пролетната полусезона.

 

ПретходноСтруга ТЛ одигра 0:0 со Дебрецен
СледноАнчелоти на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид