Осимен ќе го тужи новинарот кој тврди дека бил удрен од напаѓачот на Галатасарај!

153

Виктор Осимен јавно кажа дека има намера да го тужи новинарот кој тврди дека наводно бил удрен од фудбалерот на Галатасарај. Имено настанот се случил по ремито со Динамо Киев (3:3) минатата недела во Лигата на Европа.

Новинарот Толга Боздуман тврди дека Осимен, прво побарал да се избришат сликите од него а потоа го удрил со тупаници.

На ова Нигериоцот се изјасни:

Никогаш не сум го удрил тој човек. Да, отидов до него и побарав да ги избрише сликите. Тоа се мои слики и јас имам право на тоа. Ова не е вест. Знаев дека ќе лажат, лажат. Тој лажеше. И сега јас ќе морам да направам неопходни чекори за да се осигурам. Јасно е дека ќе добие тужба“ изјави ѕвездата на Галата.

ПретходноЖоао Феликс и Дисаси од Челзи се селат во Астон Вила?!
СледноРеволуција во Германија: Судиите ќе им ги објаснуваат своите одлуки на навивачите!