Од сон до реалност (ФОТО)

1988

По завршување на настапот на Светското првенство, сите ракометари кои беа дел од македонската репрезентација на своите социјални мрежи споделија фотографии со важни моменти од Вараждин Арена.

За дел од ова Светско првенство беше прво во нивните кариери, за дел исполнување на сонот. Дел од нив имаа шанса да заиграат заедно со играчи кои биле нивни идоли.

Иако играат на различна позиција, сепак за браќата Петар и Павле Атанасијевиќ е голема честа да бидат заедно и во националниот тим со искусниот голман, Никола Митревски.

„Од сон до реалност“, вака Петар ја опиша заедничката фотографија со Митревски.

Македонија на Светското првенство имаше одличен настап, заврши на 15-место, беше на чекор до целосна сензација и пласман во големото четвртфинале.

Претходно“Перез ми кажа дека морам да го решам проблемот со судиите, во спротивно ќе бара англиски судии во Ла Лига!“
СледноНовиот “Олд Трафорд“ со капацитет од 100.000 места, ќе чини 2 милијарди евра!