Утринава фудбалерите на Вардар одиграа уште една пријателска средба во Анталија. Четата на Гоце Седлоски ремизираа со 1:1 против составот на Униреа Алба Јулија, третолигаш од Романија. Стрелец на голот за Вардар беше Мануел Куестас.
Треба веднаш да се каже дека на оваа средба стратегот Седлоски им даде шанса на повеќе свои играчи кои немаа поголема минутажа на минатите контроли.
Последната контрола за Вардар во Анталија ќе биде против Рапид Виена на 5 февруари.