По се она што се случува, посебно во Ла Лига, во Шпанија во врска со судењето и реакциите на Реал Мадрид и Барселона, се чини дека на судиите им дојде преку глава што би рекле по нашки.
Како врв на се она беше вчерашната жалба на Реал Мадрид до Фудбалската федерација на Шпанија, во која “кралевите“ јавно се пожалија дека се драматично оштетени од судиите.
Последните вести од Шпанија велат дека дел од судиите заговараат штрајк, само проблем е тоа што да дојде до такво нешто ќе треба консензус од сите судии. Причината е огромниот притисок што се прави врз нив од јавноста, медиумите, клубовите и слично.
Во случај навистина да се одржи најавениот штрајк во Шпанија, јасно е дека Ла Лига ќе биде сопрена и нема да се играат натпревари.
Visited 1 times, 1 visit(s) today