Голема, екстра значајна победа на Гостивар на дербито со Струга ТЛ вчера во меч од првото пролетно или 19.коло. Меч со многу тактизирање, меч со по неколку шанси за гол на двете страни и меч кој својот епилог го имаше во 90+6.минута и тоа од пенал, кога Алпер Потук погоди за победа од 1:0.
И кога е така, тогаш јасно е дека стратегот на гостиварци, Бразилецот кој има и турски пасош, Мерт Нобре е тренер на ова коло. Нема дилеми дека со оваа победа сега Гостивар се вбројува во најсериозните тимови за освојување на титулата. И нема дилеми дека Гостивар на клупата има одличен стратег.