Александар Ристевски денеска против “својата“ Струга ТЛ!

226

Денеска од 17 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра натпреварот од 3.коло во ПМФЛ меѓу Работнички и Струга Трим Лум. Секако дека ќе биде интересно, ако се знае дека на “романтичарите“ никако не им оди против составот на стружани, но исто така интересно ќе биде и поради фактот дека дефанзивецот на Работнички, Алекксандар Ристевски – Егри ќе игра против својот довчерашен тим. Ристевски минатата сезона беше еден од најдобрите во редовите на Струга ТЛ која оствари историски пласман во Европа, но сега е еден од столбовите на играта на клубот од Градски парк.

Па, токму со неговиот гол против Борец, во меч од 1.коло во ПМФЛ, Работнички успеа да победи.

ПретходноСе одложува стартот во ВМФЛ, можно е да има само една една втора лига!
СледноКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Кошаркарите во последниот шешир