На сите им беше јасно дека на Арсенал му треба напаѓач, но поради некоја причина Микел Артета и челниците на тимот од Лондон размислуваа поинаку и очигледно е дека направија голема грешка. Наводно почнале да подготвуваат планови за следното лето кога станува збор за пристигнувања и заминувања.
Арсенал е во напредни преговори со белгиската ѕвезда Максим Де Кујпер, а тој ќе им се приклучи на „топчиите“ следното лето. Како што пренесува TEAMtalk, нивните извори тврдат дека Арсенал е подготвен за жесток преоден рок во кој ќе има многу пристигнувања, но и голем број на заминувања од Емирати.
Така, според англиските медиуми, Арсенал следното лето ќе потпише нов напаѓач, ново лево крило, нов играч за врска, нов лев бек и нов голман. Микел Артета ќе има многу пари за трошење, а една од причините е фактот што не донесоа никого во овој јануари.
Како што стојат работите, Артета избра нов лев бек, а тоа е играчот на Клуб Бриж, Де Кујпер, кој игра брилијантно оваа сезона.
Tuttosport тврди дека Арсенал веќе започнал преговори со агентот на играчот и сака да се договори пред да пристигне летниот преоден рок.
„Топчиите“ не се единствениот клуб кој сака да го ангажира овој лев бек, бидејќи во игра се уште неколку големи клубови, но наводно Арсенал е во најдобра позиција. Милан, Вест Хем и Јувентус наводно се најголемата конкуренција на Арсенал кога е во прашање потписот на Белгиецот.
Цената што „топџиите“ ќе треба да ја платат за него е 25 милиони евра, што секако во време на „луди“ цени изгледа како вистинска кражба.