УЕФА го казни Реал Мадрид поради Гвардиола

234

УЕФА го казни Реал Мадрид поради хомофобични скандирања на некои навивачи кон менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. На шпанскиот клуб му беше наложено да плати 30.000 евра и доби условна казна делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години. Покрај овие казни, Реал е принуден да остави празни најмалку 500 места на стадионот за време на следниот европски натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Грдиот чин се случи за време на победата на Реал против Сити од 3:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид. Победата значеше дека тимот на Карло Анчелоти се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3 и во четвртфиналето ќе игра против Атлетико Мадрид.

Судирот на клубовите кои ги освоија последните три европски титули (Реал славеше лани и 2022 година, а Сити во 2023 година) заврши со убедлива победа на шпанскиот тим. Тоа беше четврта последователна сезона во која Реал и Сити се сретнаа во нокаут фазата од Лигата на шампионите и трето славје за Шпанците. Лани Реал славеше во четвртфиналето, пред две години Сити во полуфиналето, а во 2022 година Реал беше подобар во полуфиналето.

ПретходноИзлезе ново видео: Дончиќ се сврте кон клупата на Далас и имаше кратка порака (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Брегалница на гости кај Саса, Победа го пречекува лидерот, ќе биде „жешко“ во Куманово