Раководството на Вардар им одговори на “Комити“ со фактурата која треба да се плати! (ФОТО)

852

Откако вчера раководството на ФК Вардар со официјално соопштение се произнесе дека поради пиротехниката на “Комити“ на мечот со Шкупи, треба да се плати казна од 2.500 евра на ФФМ, тие имаа своја реакција.

Денеска на таа нивна реакција првите луѓе на Вардар возвратија со фактурата која треба секако да се плати и повторување на ставот дека таквото “навивање“ директно ги оштетува фудбалерите на клубот. Имено како илустрација, за еден натпревар, за користење на Арената се плаќа 145.258 денари, а казната е 153.750 денари. Јасно е дека поради употребената пиротехника, односно дивеењето на неодговорни навивачи, секој меч за Вардар е двојно поскап.

И јасно е дека на тој начин клубот не се сака туку се оштетува.

ПретходноАртета се пресече, на Емирати доаѓа „кралот“ на асистенциите
СледноПосле паузата се враќа прволигашката кошарка