Рафиња во оваа сезона е еден од клучните играчи на Барселона. Бразилецот просто блеска во тимот на Ханси Флик, игра во животна форма. И токму затоа раководството на каталонската гордост има намера да му го продолжи договорот и со тоа да го направи еден од најплатените играчи во клубот.
Интересно е тоа што Рафиња со Барса има договор до јуни 2027 година, а сега каталонците сакаат да го продолжат до 2030 година.
Треба да се помене дека пред извесно време клубови од С. Арабија нудеа 100 милиони евра на Барса како отштета и 15 милиони евра годишно за Рафиња, но до тој трансфер сепак не дојде.