Ивановски и Ѓорческа со победи во Пореч и Секешфехервар

37

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска. Тој во првата рунда од квалификациите денеска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2-0 во сетови (76(2) 62). Утре во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија, кој со 2-0 во сетови (75 76(1) го победи Матиес Торес Рамис од Шпанија. Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.

Настап во следниот период го очекува и Горазд Србљак. Тој настапува на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар. Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено и на земјени терени. Во првата квалификациска рунда Србљак беше слободен, а утре во второто коло од квалификациите ќе игра против Британецот Кристијан Дел, кој со 2-0 во сетови (64 62) го совлада Метју Безденхот од Кипар.

Од друга страна пак, Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 во унгарскиот град Секешфехервар. Таа денеска ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2-0 во сетови (63 60). Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.

Утре за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу (25 години, 476 место ВТА), која во денешниот меч од првото коло од квалификациите ја совлада Унгарката Грета Фенивес со 2-0 во сетови.

Настап во Шарм Ел Шеик на ИТФ турнирот W15 турнирот настап ќе има и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа во првата квалификациска рунда беше слободна и е рангирана како прва носителка во квалификациите. Нејзина ривалка утре ќе и биде Маргарита Охендовскаја од Украина, која во првата квалификациска рунда ја совлада Рија Убовеја од Индија со 2-1 во сетови (63 36 10-6). Турнирот се игра на отворено на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

 

ПретходноРома минимално на гостувањето кај Емполи
СледноШеј ги „разби“ Нагетс и покажа зошто е прв кандидат за МВП