Фудбалерите на Бетис го совладаа Лас Палмас со 1-0 на својот стадион, додека Атлетик Билбао и Мајорка ремизираа 1-1 во двата вечерни дуели од 27-то коло од Ла Лига.
Бетис ја обезбеди четвртата победа во низа со голот на Диего Љоренте во 65. минута (ВИДЕО), а можеше да слави и поубедливо, ако Иско погодеше од пенал во четвртата минута од судиското надополнување.
Воедно, во директен дуел место во Европа, Атлетик Билбао и Мајорка ремизираа 1:1. Мајорка поведе во 56. минута кога Раиљо погоди за 0:1, а Билбао израмни по само две минути, кога Нико Вилијамс ја искористи асистенцијата на Горосабел за да израмни на 1:1.
Бетис е се поблизу до најдобрите четири во Ла Лига, додека Мајорка останува четири бода зад Андалузијците.