Тренериште: Го вратија од пензија, па Рома сега не знае за пораз од декември!

1208

Не случајно челниците на Рома направија се за да го извадат од неговиот пензионерски дом и да го вратат крај аут линијата. Неверојатниот Клаудио Раниери ја препороди Рома и полека почна да испишува рекорди во тековната сезона.

Рома денеска славеше на гостувањето кај Емполи со 0:1, со што победи на шести натпревар во низа, подвиг кој клубот од „Олимпико“ не успеа да го направи ниту еднаш во последните три и пол години.

73-годишниот Раниери освен што најде решение за Емполи во мечот од 28. коло во Серија А, претходно ја поведе Рома до победи и над Парма (1:0), Порто (3:2), Монца (4:0), Комо (2:1) и Атлетик (2:1).

Последен пат „волчицата“ успеала да направи ваква низа во 2021 година, веднаш по назначувањето на Жозе Мурињо. Рома нема пораз во Серија А од 15 декември.

ПретходноТрето полувреме во Кратово: Инцидент и црвен картон за Васоски (ВИДЕО)
СледноГолеми главоболки за Зорман: Словенија во Скопје доаѓа со преполовен состав