Компани: Честитки за играчите

60

Стратегот на Баерн Минхен, Винсент Компани, е задоволен од пласманот на неговиот тим во следната фаза од Лигата на Шампионите. „Баварците“ синоќа го елиминираа Баер Леверкузен во двомеч во кој издомонираа и во кој заслужено беа подобри. Тоа Компани секако дека најдобро го знае, па затоа и по мечот отворено им честиташе на неговите играчи за исведбата против силниот ривал.

“Пред се сакам да ги пофалам играчите кои прикажаната одлична игра. Секако, овие два натпревари се важни за нас, но не ја дефинираат нашата сезона, иако многу го почитуваме Леверкузен. Не беше лесно од самиот почеток. Разликата во бројки не е се, но мислам дека ова беа два добри натпревари за нас”, изјави Компани.

“Се соочивме со силен тим и знаевме дека никој не ни гарантира лесен гол, и предност. Нашата цел беше да го добиеме првото полувреме, а на полувремето новата цел беше да го добиеме вториот дел. Ако постојано размислувате да мора да победите, тоа ве прави опасни. Денеска покажавме добар баланс”, додаде Белгиецот.

ПретходноИнзаги: Целта да се пласираме понатаму е остварена
СледноКимих го потврди новиот договор со Баерн