Вчера Ливерпул дома на „Енфилд“ беше елиминиран од ПСЖ во 1/8 финалето во ЛШ. Во регуларниот дел беше 0:1 за “светците“ од Париз, за да потоа на пенали тие беа поуспешни и се пласираа во 1/4 финалето. “Редси“ иако во лигашката фаза беа убедливо најдобри, сепак не ја минаа првата пречка во плеј – офот.
А малерот бил никој друг туку левиот бек на “Редси“, Енди Робертсон. Имено тој вчера го прослави својот 31 роденден. И во врска со неговиот роденден, еве неверојатен податок.
Ливерпул со него во тимот секогаш губи. Тој 11 март е кобен за овој клуб во последните неколку години.
Вчера, кога Робертсон полнеше 31 година, Ливерпул беше поразен од ПСЖ со 0:1. На 11 март во 2020 година, исто на „Енфилд“, тогаш Атлетико Мадрид успеа да победи во меч од ЛШ со 2:3. Во 2024 година, Ливерпул на 11 март, значи на роденденот на Робертсон, бил поразен од Борнмут со 1:0 во меч од Премиерлигата.
Неверојатно.