Борусија направи пресврт и славеше во Лил за четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

72

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со пресврт славеа на гостувањето кај Лил со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето. Вкупниот резултат по двата дуели е 3:2 за Германците, кои успеаја во намерите да обезбедат место во најдобрата осумка.

Натпреварот на Стад Пјер Моро донесе возбудлив дуел и пресврт за гостите кои доминираа, иако Лил прв дојде во водство. Домашните одлично го отворија натпреварот и поведоа во 5. минута со голот на Дејвид. Сепак, Борусија Дортмунд возврати и израмни во 54. минута со гол од пенал на Емре Џан, пред Бејер во 65. минута да постигне гол за победа на „милионерите“.

Борусија Дортмунд ќе се соочи со Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

ПретходноПолувреме: Македонија минимално води против Словенија
СледноПјастри ќе вози за Мекларен до 2028 година