Одложено големото враќање на Нејмар во Бразил

45

Ѕвездата на Сантос Нејмар нема да биде дел од репрезентацијата на Бразил за претстојните квалификации за Светското првенство со Колумбија и Аргентина. Рекордерот беше повикан, но подоцна стана јасно дека нема да игра на двата меча.

„Имавме долги разговори. Сите знаат колку сакав да се вратам во репрезентацијата, но дојдовме до консензус дека не треба да ризикуваме, туку да се подготвам уште подобро за целосно да се ослободам од повредите. Ова е дел од процесот. Им благодарам на сите што ми испратија пораки за поддршка“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Наместо тоа, напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, се најде на конечниот список за натпреварите со Колумбија и Аргентина.

Нејмар нема играно за Бразил од 18 октомври 2023 година, кога ги скина вкрстените лигаменти на натпреварот против Уругвај. До денеска, 33-годишниот ас има 128 настапи и 79 гола со петкратните светски шампиони.

ПретходноРуската тенисерка приреди сензација на Индијан Велс
СледноПМФЛ: Тиквеш со победнички амбиции го дочекува Гостивар, Работнички на гости во Охрид!