Вардар 1961 ќе се засили со полски голман од Кјелце?

105
Фото: Orlen Superliga

Вардар 1961 за следната сезона ќе има ново голманско име, тврдат тамошните медиуми. Според tvsportpl полскиот голман Милош Валах кој е дел од Кјелце ќе се пресели во редовите на „црвено-црните“.

23-годишниот Валах после десет години ќе го напушти Кјелце, откако раководството го потпиша Адам Моравски, а на голманската позиција ги има Клемен Ферлин и Бекир Чордалија.

Македонскиот тим пред неколку дена го потпиша полскиот ракометар, Марек Марцинијак. Останува да видиме дали информациите кои доаѓаат од Полска ќе ги потврдат од таборот на Вардар 1961 и Валах ќе биде вториот играч од оваа земја.

ПретходноДиего Марадона неколку часа пред смртта бил во агонија
СледноБарселона останува без победа? Осасуна размислува за жалба за прекршување на правилата?