Зидан: Модриќ и Бензема ме полудуваа!

1291

Француската легенда Зинедин Зидан ги сподели своите впечатоци од соработката со освојувачите на „Златната топка“ Лука Модриќ и Карим Бензема. Тој вели дека го полудувале на начинот на кој ја контролирале топката.

“Играчите кои буквално ме натераа да скокнам од клупата? Карим Бензема и Лука Модриќ. Изгледаше дека ќе ја изгубат топката, но секогаш наоѓаа начин да ја задржат. Ме полудеа – тие беа толку вешти во менувањето на играта”, изјави Зидан за „Sport Bible“.

Под водство на францускиот стручњак, Реал Мадрид за првпат во својата историја освои три последователни титули во Лигата на шампионите. Подоцна и Модриќ и Бензема славеа со „Златната топка“.

Хрватот се уште игра на „Сантијаго Бернабеу“, додека Бензема избра кариерата да ја продолжи во Саудиска Ал-Итихад.

ПретходноПерез им ветил неверојатен бонус на играчите доколку го исфрлат Арсенал
СледноНевозможното стана возможно: Сметката на ФК Вардар после 8 години е одблокирана