Познат шпански клуб забрани внесување на семки на стадион!

144

Познато е дека семките се едно од оние традиционални намирници на фановите на трибините ширум светот. Од друга страна познато е дека нивните лушпи прават и тоа како големи проблеми. Не е проблем само ѓубрето што оди со нив, туку тие прават големи проблеми и на друг начин.

Во последните неколку години одредени клубови забрануваат внесување на семки на своите стадиони, а Елче е најнов пример за тоа. Раководството на овој познат клуб, кој следната сезона по се изгледа одново ќе игра во Ла Лига, и официјално забрани внесување и грицкање на семки на трибините.

И тоа поради тоа што лушпите од семките предзизвикувале наезда на стаорци и гулаби на стадионот, како и проблеми со водоводната мрежа како и канализациската мрежа.

FOTO FC Elche X

ПретходноДоста му е од потценување: Една од најголемите ѕвезди на Реал си оди!
СледноМагдебург ја расплака “Веспрем Арена“ на 3 секунди до крајот и се пласира на Ф4 во Келн!