Супер талент: Ѓоргиевски со 16,5 години го имаше своето деби за “пандевци“!

835

Во сенка на добрата игра на двете екипи, на синоќешниот меч во Струмица меѓу А.Пандев и Ренова, на победата на домашните и реакциите на судењето, е дебито на супер талентираниот Мартин Ѓоргиевски во тимот на “пандевци“. Ѓоргиевски има само 16,5 години, потекнува од Охрид а во клубот е веќе три години како дел од младинската школа на А. Пандев. Ова лето тренерот Александар Васоски го приклучи на првиот тим и му даде шанса вчера и тоа во 78.минута. Младиот играч за врска веднаш покажа дека станува збор за голема надеж на мак-фудбалот, иако одигра само 15 минути. Самиот Васоски вели дека младиот Мартин е чудо од играч и дека пред него е голема кариера, само треба да продолжи со работа и максимална посветеност на тренинзите, а и дека и натаму ќе добива шанса.

На крај да кажеме дека Мартин е и капитен на нашата репрезентација до 17 година. А. Пандев во него има фудбалско богатство.

ФОТО: Akademia Pandev facebook

ПретходноНадал „падна“ на петото место на АТП листата
СледноМладите кугларки десетти во екипна конкуренција на ЕП во Словенија