Драконска е казната за тимот на Годстивар, што предмалку ја изрече дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија. ОДземање на девет бодови и десет мечеви играње на 100 км од својот стадион се само дел од санкциите кои што следуваат за ФК Гоативар, кој што во рамките од 29. коло на ПМФЛ шампионатот, своеволно го напушти и не го доигра мечот проитв Работнички при водство на противникот од 1:2.
Алпер Потук, играчот на Гостивар е казнет со две годишна суспензија односно забрана за настап.
Одлуките на Дисциплинската комисија ви ги пренесуваме во целост.
Против ФК Воска АД се поведува постапка поради непојавување на натпревар во Струмица помеѓу ФК Брера А.П. и ФК Воска во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Алпер Потук – фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
ФК Гостивар се казнува со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ против ФК Работнички.
ФК Гостивар АД се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.
Енес Уста – претседател на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Блажо Панов – шеф на стручен штаб на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500,00 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички.