Познати се судиите за натпреварите од претстојното 31.коло. За мечот Пелистер – Воска нема делегирано зошто охриѓани и официјално не се веќе прволигаши откако не одиграа два меча. За мечот Силекс – Гостивар има делегирано зошто гостиварци не одиграа само еден меч, па затоа ќе се чека дали ќе играат во среда.
Инаку Влатко Илиоски од Прилеп е делегиран за главен судија на дербито под Шара каде играат Шкендија и Работнички, додека Доне Ристовски од Гевгелија ќе суди на ФФМ каде утре се среќаваат Вардар и Струга ТЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 31.КОЛО – СРЕДА (17 Ч)
Тиквеш – Беса (Фатмир Бафто – Охрид)
Брера – Шкупи (Фуркан Идризи – Тетово)
Шкендија – Работнички (Влатко Илиоски – Прилеп)
Пелистер – Воска (службено 3:0)
Силекс – Гостивар (Александар Василевски – Скопје)
ВТОРНИК
Вардар – Струга ТЛ (Доне Ристовски – Гевгелија)















