Судии за ПМФЛ: Бењамин Ќерими ќе го суди “соседското дерби“ меѓу Работнички и Вардар

343

До крајот на оваа сезона остануваат уште две кола. Веќе во недела се играат средбите од 32.коло. Иако “соседското дерби“ меѓу Работнички и Вардар нема резултатско значење, сепак ќе биде во преден план. Овој натпревар се игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје од 17 часот, а за главен судија одреден е Бењамин Ќерими од Скопје.

Во продолжение можете да ги видите сите останати мечеви и судии.

Натпреварите Гостивар – Шкендија и Беса – Воска не се играат од познати причини и ќе бидат регистрирани со 3:0 за Шкендија и за Беса.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 32.КОЛО – НЕДЕЛА (17 Ч)

Силекс – Пелистер (Доне Ристовски – Гевгелија)

Работнички – Вардар (Бењамин Ќерими – Скопје)

Струга ТЛ – Брера (Стојанче Трпчевски – Скопје)

Шкупи – Тиквеш (Фатмир Бафто – Охрид)

ПретходноМарјан Андонов: Кожуф не го заслужи ова, виновниците веднаш да бидат пронајдени
СледноАко сака АБА, МЗТ ќе мора да го „одврзе ќесето“