Денеска со мечевите од 33.коло и официјално завршува сезоната во нашата елитна фудбалска лига. Веќе се е познато, само уште да се разреши дилемата кој ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ. Шкендија е шампион и попладне ќе има шампионска фешта под Шара, на тетовци ќе им биде доделен и пехарот од страна на ФФМ.
Силекс и Работнички ќе играа во квалификациите во Лигата на Конференции, а Воска и Гостивар уште пред неколку кола не се прволигаши, токму затоа денеска Шкупи и Вардар ќе добијат по три службени бода.
И тоа како интересно ќе биде во Струмица, каде играат Брера и Работнички и во Битола, каде Пелистер го дочекува составот на Беса.
За да се избегне тоа 10. место кое води во баражот, на Брера и треба победа над Работнички, може и со реми и со пораз, но во тој случај Беса не смее да слави во Битола.
На Беса пак и одговара само победа на гости кај Пелистер и притоа да се надева дека Брера нема да го победи Работнички.
Во Кавадарци екипите на Тиквеш и Струга ТЛ ќе играат за престиж.
ДВОЈКИ ЗА 33.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Битола: Пелистер – Беса
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ
Струмица: Брера – Работнички
Тетово: Шкендија – Силекс
Вардар – Гостивар 3:0 (сл)
Воска – Шкупи 0:3 (сл)
ТАБЕЛА
Шкендија 74, Силекс 64, Работнички 56, Струга ТЛ 50, Вардар 45, Пелистер 39, Шкупи 38, Тиквеш 33, Брера 31, Беса 30, Гостивар, Воска