ТФТ е на потег, а Работнички со нов тренер посакува да избегне “метла“ во полуфиналната серија!

72

Вечерва од 20:30 часот во салата “Независна Македонија“ во Скопје ќе се одигра третиот меч од полуфиналето од плеј – офот за титулата во нашата елитна кошаркарска лига.

Дали вечерва ќе го дознаеме противникот на МЗТ Скопје во финалето или ќе почекаме уште малку ќе дознаеме некаде после 22:30 часот.

ТФТ е на потег. Овој тим им 2:0 во победи во серијата, не дозволи Работнички да дојде до “брејк“ па така ако вечерва ТФТ успее да победи тогаш ќе биде 3:0 и ќе стави крај на оваа серија.

Значи ТФТ е на потег.

Работнички од друга страна и тоа со нов тренер, откако Горан Самарџиев си замина а на негово место назначен е Нермин Пепиќ, ќе се обиде да избегне “метла“ за да ја продолжи оваа серија.

По сите случувања во последните два-три дена по оној втор меч, јасно е дека работите во Работнички не се на завидно ниво. Тешко е да се вратиш после 0:2, но јасно е исто така дека никој не треба предвреме да се отпишува.

Треба да се напомене дека уште вчера започнаа тензиите на релација меѓу овие два клуба откко Работнички не дозволи влез на гостински фанови на вечерашниот натпревар.

ПретходноКој ќе ја добие “Златната копачка“? Ѓокереш, Салах или Мбапе!
СледноЃорѓиевски: Не можев да заспијам од радост, ми се оствари сонот да бидам голгетер број еден