Бојан Маркоски го наследува Станиќ на клупата на Работнички

562

Бојан Маркоски ќе биде следниот тренер на екипата на Работнички. По заминувањето на Горан Станиќ, кој сега и официјално заминува од Дебар Маало и се сели на местото селектор на Македонија до 21. година, Маркоски застанува на негово место.

Станиќ вчера последен пат го водеше Работнички на гостувањето кај Брера, а со завршувањето на ПМФЛ шампионатот сезонава, заминува и тој. Маркоски доаѓа како замена, но всушност нештата нема премногу да се сменат во таборот на „Романтичарите“.

Тој и досега беше дел од стручниот штаб, беше еден од помошниците на Станиќ, а сега само ги презема нештата во свои раце. Ростерот му е познат, што е секако олеснителна околност, и само ќе продолжи онаму каде што пролетва се застана што се вели.

Бојан Маркоски има искуство со работа на Кипар, каде што и ја заврши играчката кариера. Таму беше дел од екипите на Етникос, но и од АЕЛ Лимасол, пред да се врати во Македонија. Во 2016 година беше дел од Работнички и како играч.

 

ПретходноЃорѓиевски: Не можев да заспијам од радост, ми се оствари сонот да бидам голгетер број еден
Следно„Арне Слот е добар човек, одличен тренер, ама е грд“!