Апсолутна доминација на Струмица 47&72, втора година во низа шампион во сите категории

261

Машкиот клуб Струмица 47&72 втора година во низа има апсолутна доминација во првенствата во сите возрасни категории кои се во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.

По сениорите кои со 3:1 славеа во финалната серија над Штип УГД за одбрана на шампионскиот пехар во најсилната машка конкуренција, истото се случи и во младинските категории. Младинците, кадетите и пионерите сезонава исто така ги одбранија шампионските титули во дуелите со своите врсници.

Младинците на почетокот на мај со 3:0 во финалниот дуел го победија Борец, кадетите на Струмица 47&72 со 3:1 ја совлада Весна Пробиштип, за да се радуваат на пехарот, додека пионерите во финалето беа подобри од Борец во три сета.

ФИНАЛЕН ТУРНИР КАДЕТИ

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Штип УГД – Борец     3:1 (24:26, 25:20, 25:11, 25:21)

ФИНАЛЕ

Весна Пробиштип – Струмица 47&72         1:3 (25:20, 15:25, 21:25, 23:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.Струмица 47&72

2.Весна Пробиштип

3. Штип УГД

4. Борец

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР ПИОНЕРИ

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Весна Пробиштип – Македонија Џио         2:3 (13:25, 26:24, 14:25, 25:12, 5:15)

ФИНАЛЕ

Борец – Струмица 41&72     0:3 (20:25, 23:25, 20:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.Струмица 47&72

2. Борец

3. Македонија Џио

4. Весна Пробиштип

5. Јанта Волеј

6. Штип УГД

ПретходноДонарума најави заминување од ПСЖ: Ќе одлучам во следните неколку дена!
СледноСити тргнува по дефанзивецот на Вулверхемптон