И дефинитивно Ламине Јамал е новата супер ѕвезда на фудбалското небо. Со 17 години просто го “покори“ фудбалскиот свет, тој е легитимниот наследник на Лео Меси.
Завчера на мечот Шпанија – Франција 5:4, се виде што значи “малиот“ на Барса. Сите ние останувавме без здив кога тој ја имаше топката.Онака, со онаа младешка насмевка просто те разоружува, а зад таа насмевка се крие “ѕвер“, оној фудбалски, кој нема милост кон никого. Па ни кон Килијн Мбапе.
Интересно, за само една година Јамал и Мбапе во шест наврати ги одмериле силите, поточно нивните екипи или нивните репрезентации.
И знаете ли каков е резултатот?
Па, 6:0 за Ламине. Ете, зошто Килијан е нервозен.
Добро тој знае дека покрај Јамал тој нема никаква шанса да дојде до “Златната топка“, а нервозен е и поради тоа што сега никој не споменува за таа престижна награда.
Јамал, Рафиња, Дембеле се најголемите кандидати.
Мбапе ќе почека, ама и ќе се изначека.