Ѓорѓиев: Спортски е да се признае пораз, сега мислиме само на Словачка

221
фото: CEV.eu

По поразот на првиот меч од новото издание на Златната лига на ЦЕВ од селекцијата на финска, капитенот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев го даде своето видување за денешниот меч во Братислава.

„Мој четврти натпревар против нив и четврти пораз. Дефинитивно Финска е противник кој не ни одговара, бидејќи многу малку греши и игра многу паметно и константно. Нивната игра се базира на блокот, многу се високи и физички се многу посилни од нас и секоја тешка топка останува во терен. Веруваат во својот блок и денеска тоа е елементот во играта кој ја направи најголемата разлика. Четирипати – четири порази, многу ми е тешко, но кога е некој подобар мора спортски да се подаде рака и да се признае тоа“, вели Ѓорѓиев и додава „Ние со главата веќе сме во утрешниот меч со Словачка. Словаците загубија вчера исто така 3:0 од Финска и може да кажеме дека Финците се севкупен победник на овој турнир, а ние утре ќе се бориме, условно кажано, за второто место и за прва победа годинава во Златната лига.“

ПретходноКоко Гоф е новата освојувачка на Ролан Гарос
СледноАвстрија ја потврди фаворитската улога, втор пораз за одбојкарките