Во последното коло од плеј-офот во домашното ракометно првенство, вечерва екипата на ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“ убедливо го совлада Тиквеш 32:23 (18:11) и го потврди четвртото место на табелата кое води во Европа.
Кај екипата на Охрид одличен меч одигра Цирар кој постигна 6 гола, додека Ојлески имаше 5 погодоци.