Македонскиот младински репрезентативец, Мартин Талаков повеќе не е член на тимот на Подбрезова од Словачка. Напаѓачот си заминува од таму и летово дефинитивно ќе има нов клуб.
Талаков во моментов има 22. години и веќе има искуство од странство со играњето во Подбрезова но и во тимот на Жилина.
Во домашниот шампионат пак беше дел од Брера и од Борец. За националниот тим пак има настапено во У19 и У21 генерациите.