ЛШ квалификации: Денеска е ждрепката, ова се петте можни ривали на Шкендија!

517

Денеска во 14 часот во Нион, ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Утринава УЕФА го скрати списокот со можни противници на Шкендија и ја смести во групата 1 меѓу оние екипи кои се неносители.

Па така сега и дефинитивно се знае дека шампионот на Македонија денеска на ждрепката за противник ќе добие една од овие екипи:

Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), ФЦ РФС (Летонија), КуПС (Финска) и Њу Саинтс (Велс). Со тимот од Велс тимот на Шкендија има играно и победено во двомечот пред неколку години.

No description available.

Од ова се гледа дека тетовци и тоа како ќе имаат тешка задача да ја минат првата пречка во квалификациите во Лигата на Шампионите.

Натпреварите од ова коло се закажани за 8/9 и 15/16 јули.

Во случај да го мине воведното коло во овие квалификации тогаш Шкендија продолжува во второто, во случак пак ако биде поразена, тогаш ќе продолжи со настап во 2.квалификациско коло во ЛК, но во тој “шампионски пат“.

ПретходноУЕФА одлучи: Надеж за Вардар, пекол за Силекс и Работнички
СледноВонредна состојба во Израел: Сезоната заврши без шампион!