УЕФА смени: Вардар домаќин на првиот меч со Ла Фиорита!

1069

Сепак Вардар ќе биде домаќин на првиот меч со Ла Фиорита. Промена во однос на тоа кој ќе биде домаќин на првиот натпревар од двомечорт меѓу Вардар и Ла Фиорита од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа од страна на УЕФА.

Според вчерашната ждрепка првиот меч требаше да се игра во Сан Марино, но со одлука на УЕФА ова е променето ако се знае дека сите наши три екипи во ЛК се паднаа да бидат домаќини во реваншите а гости на првите.

Па така Вардар ќе биде домаќин на првиот меч со Ла Фиорита, меч кој ќе се игра на 10 јули во Скопје, а реваншот се игра во Сан Марино седум дена подоцна.

ПретходноРеал Мадрид ја одреди цената за Родриго!
СледноМладинците против Фарски Острови го отвараат Светското првенство (ЛИНК)