Тиквеш ќе биде посилен за Кристијан Ацковски

594

Тимот на Тиквеш летово, е исклучително активен. Не само што има нови газди, нова управа, туку очигледно ќе има и реновиран, подобрен тим за следната сезона.

Откако веќе објавивме дека голманот Стефан Тасев се враќа во Кавадарци по епизодата во Бугарија, сега Спортспорт ја информира јавноста дека нов член летово на Тиквеш ќе биде Крстијан Ацковски.
Некогашниот македонски младински репрезентативец, исто така е повратник од странство. Беше дел од Корвинул во втората романска лига, но потешко се повреди при тамошниот престој.
Сега, опоравен, играчот за врска се враќа во ПМФЛ шампионатот, и ќе се обиде да ја врати старата форма преку дресот на Тиквеш.

 

ПретходноДивац итно опериран, вграден му е вештачки колк
СледноФФМ заедно со УЕФА го одбележува 20 јуни- Светскиот ден на бегалците