РК Пелистер и Ивиќ и официјално се разделија!(ФОТО)

157

Како што и беше најавено, Филип Ивиќ од денеска и официјално не е веќе член на РК Пелистер. Хрватскиот голман и македонскиот ракометен првак се договориле за прекин на соработката:

РК Еурофарм Пелистер и ракометарот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката една година пред истекот на договорот. Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија.

Клубот му се заблагодарува на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона. Му посакуваме успех во следниот предизвик во кариерата се вели во соопштението на РК Пелистер.

ФОТО: РК Пелистер/ФБ

ПретходноГлавчев покрена иницијатива за укинување на “Северна“ од името на Кошаркарската федерација!
СледноОфицијално:Димитар Капинковски на клупата на Пелистер!(ФОТО)