Вардар некогаш и сега….. вратени 7.5 милиони евра, освоен Куп, Европа и високи амбиции

624

Историска стана приказната за ФК Вардар и сето она што на овој клуб му се случуваше во изминатиот период. Со години ФК Вардар тонеше и се давеше во сосптвените проблеми, кои реално му ги создадоа поранешните сопственици, раководни структури, и влијателни луѓе околу него, за да во еден момент се дојде до тоа дереџе да клубот едноставно колабира.

Милионските долгови, втората лига, играњето бараж за опстанок, и се она што ФК Вардар го доживеа е вистинско сценарио за Нетфликс серија од неколку сезони. Но, за среќа на многумина, а за и за жал на многумина истата има среќен крај.

Новата управа на клубот, кој истиот го презема минатото лето се нафати на проект кој што во почетокот изгледаше така обемен и така комплексен, речиси и невозможен за изведување.

„Кога го преземавме клубот, сите знаете дека беше една сосема поинаква сума кога станува збор за долговите на Вардар. Јас како извршен директор, и Игор Ивановски како спортски директор во првиот момент имавме сосема поинаква слика за проблемите со кои ќе се соочиме. За да, по извесен период, а истиот и сеуште трае, според УЈП, и тоа официјално, ФК Вардар да должи 7.5 милиони евра. Фрапантна бројка. Да се чуди човек како некој може толку да му наштети на еден субјект. Од незнаење или намерно веќе не е ни важно. Од оваа перспектива не ни може да се препознае кој тоа толку му штетел. Секој кој што го водел или мислел дека го води клубот. Но не е ниту важно сега. Најважно е што клубот полека се крена од „пепелта“. Вратени се милиони евра долгови. И уште, допрва ќе се враќаат. Имаме интерен договор со УЈП, со прави субјекти, со физички лица за исплата на долговите. Се работи за огромна сума. Беше огромна битка како да се излезе од тоа. И сеуште е. Згора на тоа мораше да се води клубот, да се создаде екипа, да се погоди тренер. Сега го имаме најдобриот тренер во Македонија, а тоа е Гоце Седлоски. Имаме супер тим, за кој тврдам и тоа одговорно, дека заигравме како што треба по супер подготовките минатата зима. Паралелна битка на терен и на „зелена маса“. По канцеларии, институции, битка за добивање на лиценца. Огромна задача која што оваа управа успеа да ја добие“ – велат во еден здив извршниот и спортскиот директор на Вардар, Миленко Неделковски и Игор Ивановски, па продолжија:

„Разликата во функционирањето пред една година и сега, е друг свет. Клубот е стабилизиран. Може да се мисли и на позитивни нешта. На амбициите кои ФК Вардар секогаш ги има и ќе ги има. На освоениот Куп, на излезот во Европа, на противникот од Сан Марино. Се е подобро, поубаво… така треба да биде и така и ќе биде“ – велат водечките луѓе на ФК Вардар.

ПретходноАндон Дончевски нашиот херој…. Вардар го покани, а тој потроши над 4000 долари за да пристигне
СледноФК Вардар: Имаме понуди за излезни трансфери, но екипата останува иста