ФК Вардар: Имаме понуди за излезни трансфери, но екипата останува иста

965

СпортСпорт во Раденце, Огнен Чак Дојчиновски

На денешниот брифинг во Раденци, Словенија, каде што ФК Вардар во моментов ги одработува летните овосезонски подготовки, менаџментот на клубот ја информираше јавноста за повеќе теми кои што се актуелни во моментов, кога станува збор за најтрофејниот наш фудбалски колектив.

Покрај целосна информација околу финансиската ситуација на клубот, која што е најбитна периодов, организациската која што исто така се стабилизира, јавноста доби интерно инфо околу состојбата на тимот, односно излезните и влезните трансфери ова лето.

„Можеме слободно да објавиме дека ова лето ФК Вардар одби три сериозни понуди за своите играчи. Роџерс Мато имаше сериозна опција за трансфер, Партизан од Белград понуди 100.000 евра за Михаил Талевски, а најновата понуда која ја добивме е онаа за стоперот Матиќ кој имаше можност да замине во Германија во Дармштад. Сите нив ги одбивме, затоа што сметаме дека во моментов сите овие играчи ни се и тоа како потребни. Одлична ситуација за нас е и „OPEN BALKAN“ правилото кое што го воведе ФФМ, и кое дозволува Босанчиќ и Закариќ да ги регистрираме како домашни играчи. Тоа ни дава можност да доведеме уште странци. Домашните играчи секогаш ни се опција, а ние верувајте дека го имаме најдоброто од Македонија во нашиот тим“ – велат од ФК Вардар,

ПретходноВардар некогаш и сега….. вратени 7.5 милиони евра, освоен Куп, Европа и високи амбиции
СледноКаква храброст: Во дрес на Бока Јуниорс се појави меѓу фанови на Ривер (ВИДЕО)