Силекс реваншот со Дечиќ ќе го игра на ФФМ!

166

Силекс е еден од нашите четири клуба кои ова лето ќе ја претставува Македонија во фудбалска Европа. Во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, кратовци ќе ги одмерат силите со Дечиќ, тим од Црна Гора.

Првиот меч е закажан за 10 јули и тоа во Тузи од 20 часот. Додека реваншот се игра во Скопје на 17 јули и тоа на стадионот на Фудбалската федерација со почеток од 19 часот.

Секако дека како од другите, така и од Силекс нашата фудбалска јавност очекува добар настап во Европа со цел да се подобри нашиот клупски рејтинг.

Да се потсетиме дека Силекс ако ја мине првата пречка наречеча Дечиќ во квалификациите во Лигата на Конференции, во следната рунда ќе игра против Рапид Виена од Австрија.

ФОТО: ФК Силекс/ФБ

ПретходноСамарџиев: Гледаме да напредуваме иако момците немаат прволигашко искуство
СледноПепиќ го објави поширокиот список за ЕП „Б“ Дивизија