„Добро ја анализиравме Шкендија, нема да ни се повтори последниот двомеч“

412
фото: Printscreen

Во очекување на утрешниот меч со Шкендија во првото квалификациско коло до ЛШ, денеска прес-конференција одржа тренерот на велшкиот состав ТНС, Крег Харисон.

„Претходниот двомеч кој го игравме против Шкендија беше многу чуден, бидејќи бевме поразени со 5:0 на гости, но потоа победивме 4:0 во реваншот. Мислам дека се уште имаме двајца или тројца фудбалери кои играа тогаш. Тој двомеч бил навистина разочарувачки за сите нив, бидејќи не е лесно да си поразен со 5 гола разлика, а на реваншот да стигнеш толку блиску до пресврт и да не успееш во тоа. Добро ја анализиравме Шкендија, добро трениравме и момците знаат што треба да направат. Се е во ред во однос на тактиката и физичката спрема на фудбалерите. Утринава го одработивме последниот тренинг и среќни сме со перформансот на играчите. Мислам дека по настапот во Конференциската Лига предходната сезона и натпреварите со тимови како Фиорентина и Панатинаикос, нашите момци се здобија со важно искуство кое ќе им помогне на овој двомеч со Шкендија“, изјави на денешната прес-конференција тренерот на ТНС, Крег Харисон.

ПретходноРеал Мадрид официјално побара одложување на првиот натпревар од Ла Лига
СледноХулен Агиресабала доаѓа во Валенсија, Димитриевски повторно „виси“