Очигледно дека тимот на Тиквеш летово, планира да направи и тоа како сериозен и кадарен тим кој следната ПМФЛ сезона ќе атакува на местата кои се резервирани за патниците во Европа.
По грстот на новитети кои тренерот Ѓоко Мојсов ги поведе пред неколку дена во овие летни подоготвки во Кавадарци е најавено уште едно ново име. Ново, или можеби старо кое „Лозари“ и тоа како добро го помнат.
Се работи за искусниот Марјан Ристовски кој што летово е слободен и кој што како што дознава Спортспорт е пред враќање во дресот на Тиквеш.
Тој веќе беше дел од овој клуб, а игрите токму во Тиквеш, на Ристовски потоа му овозможија да заигра и во Академија Пандев, Вардар, Работнички, па дури и во Грција.