Гоце Седлоски: Нема фаворити во денешниот фудбал, сепак очекувам победа!

304

Утре од 20.30 часот, на Арената во Скопје, нашиот најтрофеен клуб ја дочекува Ла Фиорита, во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Јасно е дека од Вардар, како наш најголем клуб, секогаш очекувањата се големи, сепак во денешниот фудбал нема фаворити и аутсајдери, сега сите знаат да играат фудбал и нема да биде лесно со тимот од Сан Марино.

Во пресрет на утрешниот меч, тренерот на Вардар, Гоце Седлоски имаше свој коментар:

Мислам дека одработивме добри подготовки. Имавме 20-тина дена во Словенија каде екипата добро се подготви, иако ни недостасуваа неколку странски играчи. Мораме да влеземе максимално професионално. Респект имаме кон секој ривал, Мислам дека сме подготвени и очекувам победа. Нема фаворити во денешниот фудбал. Најважно ни е момците да влезат онака како што момците треба да одиграат. Ова е прво полувреме, максимално сконцентрирано и професионално. Најважно е да ја играме нашата игра. Реваншот за седум дена на гости“ посочи покрај другото стратегот на Вардар.

ПретходноСтруга ТЛ со пораз од Балкани на својата прва летна контрола!
СледноАзер Омерагиќ: Имаме респект кон противникот, но верувам во квалитетите на Вардар!