Христијан Кировски од пред неколку дена е вклучен во стручниот штаб на Тиквеш. На барање на шефот Ѓорѓи Мојсов, некогашниот најдобар стрелец во ПМФЛ за сезоната 2010/11, некогашен фудбалер на Вардар, Работнички, Шкендија, Струга ТЛ, Македонија ЃП и уште неколку други клубови како и некогашен фудбалер со богата интернационална кариера, е прв асистент на стратегот Мојсов.
Интересно, Мојсов и Кировски заедно играа во Вардар и Работнички пред повеќе од 15 години, а сега се заедно како тренери, во Тиквеш.
Да потсетиме дека кавадарчани се веќе неколку дена на подготивки во Болу (Турција) каде ќе се подготвуваат и воигруваат, и преку пријателски натпревари, за следната 2025/26 сезона во која ќе имаат големи амбиции.