Наполи е сериозен во обидот да го врати македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во своите редови. „Газета дело спорт“ открива дел од деталите за трансферот на Елмас од Лајпциг во тимот предводен од Антонио Конте.
Планот на италијанскиот клуб е да го земе на позајмица првата година, а потоа да го откупи неговиот договор. Проблем е понудат на Наполи, кој нуди двојна помала сума од 25-те милиони евра кои ги плати германскиот тим за Елмас. Иако се чини невозможна мисија, сепак според овој медиум ништо нема да биде изненадување.
„Понудата од Наполи е оваа сезона Елмас да игра како позајмен фудбалер, а потоа да биде откупен. Проблем е што Наполи сега нуди за откуп двојно помала сума од оние 25 милиони евра кои Лајпциг ги плати пред 18 месеци. Ќе биде тешка мисија за Наполи, но се е можно“, пишува „Газета дело спорт“.
Елмас во редовите на Наполи настаапуваше во периодот од 2019 до 2024 година.