Се чини дека една од топ – темите во врска со преодниот рок во Германија и дефинитивно е архивирана. Ник Волтемаде и во следната сезона ќе игра за Штутгарт и дека ова лето нема ништо од спектакуларниот најавен трансфер на напааѓачот во Баерн Минхен.
Ова го потврди и директорот на Штутгарт, Алексендер Верле.
Тој за “Скај“изјави дека овој случај е затворен и дека Ник Волтемаде и претстојната сезона ќе биде дел од нивниот клуб.
Интересно е тоа што Волтемаде доби подобрен договор од Штутгарт и сега тој изнесва 2,5 милиони евра. Од друга страна се знае дека Баерн Минхен му нудеше годишна плата од 7,5 милиони евра и плус бонуси.