Вчера во меч од 2.коло во ПМФЛ, Шкендија успеа со една рутинска игра да ја победи Македонија ЃП со 1:3 и со тоа без многу трошење да ја оствари целта.
Вчечатокот беше расипан во последните секунди од средбата кога шампионот дозволи да прими гол.
Стратегот на тетовци Јетон Беќири, по мечот имаше свој коментар:
“Целта беше постигната. Целта беше да се освојат трите бода. Нормално е што тимот е во ротација во овој период, каде што поради заморот од Европа, секој играч заслужува минутажа. Задоволен сум од резултатот и победата, задоволен сум и од целокупниот настап иако се соочуваме со многу тешки услови. Но, многу сум вознемирен од голот примен во последните минути. Како никогаш досега, им викнав на играчите, бидејќи не треба да си дозволиме да примаме голови во вакви ситуации“ посочи Беќири.
Тој имаше примедби и на теренот во Ѓорче:
“Непријатно сум изненаден сум како може да се играат мечеви на такви терени. Апелирам до надлежните органи да ги видат и контролираат терените, бидејќи нема логика, натпреварите сега се емитуваат на ТВ, воведен е и VAR системот, што е за поздравување, а теренот да е со толку висока трева. Има и неколку дупки на теренот кои директно влијаат на квалитетот на играта, но и на здравјето на играчите, бидејќи наш играч се повреди од една таква дупка“