Лина поразена во финалето во Куршумлијска бања!

40
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Ново финале на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и нов пораз. Имено претпладнево Ѓорческа загуби во финалето во Куршумлијска бања од Теодора Костовиќ со 0:2 во сетови.

Македонската тенисерка даде се од себе за да победи во ова второ финале во Куршумлијска бања за само неколку дена, но исто како и минатата недела, мораше да го признае поразот.

Српската тенисерка првиот сет го доби по голема борба со 5:7 во гемови, а во вториот сет беше 3:6.

ПретходноОдбојкарите вечерва на „сѐ или ништо“: „Максималка“ против Грузија не носи на четврто ЕП!
СледноГаштаров за Спортспорт: Да се дебитира за Црвена Звезда е фантастично!!!